ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (158) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Се анализира стручно местото и се потврди да нема толкава количина на руда за да продолжи работата и престана со работа во рудникот. Но, местото си доби име Рудникот. Тука се виде нашата некултура и неодговорност. Рудникот остана канал, земјата иловица не ја вратија назад да го засипат каналот.

Имаше голем пад внатре на стока, овци, говеда, магариња, коњи, желки. Марулчани беа лути на тоа и правеа хуманост над паднатата стока во рудникот одеа ја спасуваа, децата ги спасуваа паднатите желки. Одговорните власти за рудникот со прст не покажаја некоја хуманост. Едноставно се изгубија тие за секогаш.

Со отворањето на рудникот на Градиште корист извлекоја, се усреќија пет момчиња штавичанчиња, се оженија со марулски девојчиња. Едно со изим од родителите. А додека четирите девојчиња се омажија илегално, бегалки.

Напомнавме зимата во 1955 беше со прилично дебел снег. Штотуку се запролети се разбуди природата, сé расцвета, се вратија птиците во нашите краеви да прават нови седела и да изведат млади пилиња, фати студен бран помешан со снег, сето беше замрзнато, ништо не остана од овошје во нашиот сињор имаше неоштетено само две сливи. Едната беше во долчето кај рвеник кој се меша во реката во Врба. Втората слива беше горе во ормано јужната страна до камената маркова стапалка. Двата корење сливи преживеани во плодовите беа ситни, жолти.

На 13 мај 1955 падна голем пороен дожд со град со дебелина од неколку сантиметри. Се створи голем доток на вода во реките и од кај црквата крена два вола од Ванчо Павлески. Несватливо, Сивче беше најден во метилојца во канатларско каде разлева водата. Додека Карче беше најден близу до с. Ношпал. Водата без свое природно корито го однесила воло дури во ношпалското поле. Тоа беше страшно лудило на денот.

Тој настан од 13 мај ќе го опишиме подетално денот петок. Ние малските деца ученици од трето и прво одделение учевме после ручек. Ѓорѓијоски Данчо, Јованоски Анѓеле родени браќа Јоноски, Ѓорѓијоски Ванчо Јанкоски, Јовчески Томе Велјаноски и Ристески Илија Јанкоски се собраме во нашиот двор за да одиме на училиште.

Тогаш традиционално во петок не се печеше леб во фурна него само во земјена црепна. Мајка ми печеше леб во црепна, нé виде соберани, нé повика и на сите ни даде по едно комаче топол црепнарски леб за задушница за нејзиното седум годишно чедо Ѓорѓија кој почина од рак пред неполни седум месеци. Со поделениот леб во комачина без размислување и без ничие одобрение зедовме овчко бело сирење, заборавивме да е петок, се пости. Лебот и сирењето по пат до училиште ги изедовме.

Времето многу спарно, ги оставивме торбињата волнени со книгите на своите места во клупите во училиштето и отидоме во Попојца во вирот во реката да се искапиме. Навреме се вративме во училиштето за на часови. Времето спарно од кај Крушево затемнато катран и подувнува ветер.

Откако започна часот со наставата дојде невремето, луната почна да врни со силен ветер и град помешан за кратко време земјата обеле како да врни снег падна град од неколку сантиметри. Што фати сé однесе, поништи и Павлеските волови кои паселе горе во Долгастена. Децата Борис и Гоце Павлески и Цветан Колески од невремето се засолнале во камената пештера кај местото Таваните и не виделе кога воловите заминале. Олујата воловите Карче и Сивче ги удави во реката кај црквата додека волот Саѓин се засолнал до ѕидот од тремот на црквата, ја преживеа олујата.

Учителката Котеска Драгица 21 годишна повозрасна сама со учениците почна да плачи. Овчарите молзничарите Јанкоски Атанас, Јанкоски Цане, Колески Веле и Павлески Игне за да ги спасат овците молзниците тогаш деновите стрижени ги замешуваат оовците булуците ги натеруваат во тремот на црквата во трпезаријата на црквата. После три дена, во неделата отидовме во Веслец и најдовме наноси од град уште нестопени.

За неполна недела дена Ванчо Павлески купи еден ѕевгар волови од Ристески Славе Чурлин од с. Штавица. Воловите беа во бојата сиви, снажни, дарбосани за работа. Чудна работа воловите ниту еднаш не помислија да си појдат во родната Штавица. Луѓето тумачеја да тревата во Штавица е подива и затоа воловите Павлески го заборавија селото Штавица.

Ние децата, учениците кои се омрсиме со сирење недозволено дента во петокот долго, долго време ја држевме грешката во тајност. Се пазевме за да не нé окријат другарчињата за да не ни покрстат прекар и не завикаат мрси петковци.

Во моментот за невремето четири булуци овци молзници скоро тогаш острижени за да му ги спасат животите беа натерани во тремот на црквата. Овците булуци некаде до 600 беа од следните овчари молзничари Јанкоски Атанас, Јанкоски Цане, Колески Веле, Павлески Игне. Во наредните денови после олујата тремот беше исчистен од домашните на овчарите молзничари.

Пред половината на месец јуни годишниот школски распуст. Ќе трае до 31 август 1955. На први септември почнува новата учебна година 1955/56. Децата од машка пол повеќето годишниот одмор летен ќе бидат летни воловарчиња, некои ќе бидат домашни чувари. Додека децата од женска пол повеќето ќе бидат ангажирани во тутунопроиводителки, нижачки на тутун некој ќе чувари на домови некои кои имаат домашен летен овчар ќе ги метат трлата и тераат на овците при молзењето.

На вториот ден Дуовден после пладнина небото се зацрни со густи облаци над селата Мусинци, Путурус и во ближната околина. Проследно со силен ветер дожд и град.  Ураганот носен од силниот и брз ветер преку путурешко удри во с. Мусинци, сé што фати од летнината, како и од сеидбата поништи во Мусинци го зафати верскиот објект џамијата од корен нејзе ја откорна, ја срамни површински со земјата. Градот беше поголем од кокошкино јајце.

Марулските Димитријовци со запрежната воловска кола си тргнале порано од Путурус, невремето ги зафатило во марулскиот сињор воловите од болештината од градот ги сокршија дрвените жегли на јаремот со бегање си дојдоја дома во Марул. Луѓето гостите се засолнале под колата за да се спаст од врнежот од големиот град.

Продолжува

Loading