За да се доближат културните разлики на децата од балканскиот регион, здружението Мултимедија Прес од Прилеп ја промовираше е-книгата Балкански детски приказни, која претставува уникатна аудио-содржина од приказни за деца и млади на македонски, турски и албански јазик. Проектот е реализиран во соработка со Регионалната мрежа за културна разновидност, со финансиска поддршка на ЕУ.
-Приказните на различните народи, содржините, се преведени на трите јазика, македонски, турски и албански. Аудио-материјалот, по промотивни активности, ќе биде достапен за бесплатно симнување, како и пдф-форматот со придружни илустрации на Филип Јовески. Проектот за деца и младинци, е реализиран и како аудио-визуелен материјал, наменет за наставници, едукатори, медиумски работници… Во реализацијата учествуваа Елизабета Филипоска, Гордана Цветаноска, Звонко Димоски, Наташа Забрчанец, Осман Фират Баш, Елена Радевска, Барбара Јариш Макрај, Дијана Свртиноска, Емилија Малезан, Ферди Булут, Наташа Ачански, Илија Волчески, Драгица Здравеска, Филип Јовески и Никола Димоски – вели Звонко Димоски,еден од реализаторите.
Е-книгата е снимена во студиото на Радио Пела.