НОВИ АПАРАТИ ЗА АНЕСТЕЗИЈА

В болница

Во операционите сали в болница монтирани се најнов тип на апарати за анестезија со целосна вентилација кои го заштедуваат и времето, но и штетноста врз организмот. Со тоа продолжува трендот на набавка на нови апарати во јавната здравствена установа.

– Исклучително стручните анестезиолози, на кои сме посебно горди, заедно со придружните екипи, полесно и непречено ќе ја вршат одговорната работа – истакнуваат од општата болница.

Инаку, веќе неколку месеци во болницата поставен е новиот апарат за магнетна резонанца, наменет за највисоката здравствена услуга неопходна за точна дијагностика достапна за околу 120.000 граѓани од Прилеп, Крушево и Македонски Брод и од регионот.

Инвестициите во јавното здравство се надополнуваат и со јакнење на кадарот. Испратени се 40 специјализации за период од четири години од кои само последната година се 26 специјализации и 4 субспецијализации.

Опременоста опфаќа и ново гинеколошко ЕХО, нов дигестор за патологија и друга медицинска опрема и апарати за повеќе одделенија во болницата.

Loading