НЕУТРАЛИЗАЦИЈА НА ЗДИВОТ ОД ЛУК

Некои јадења не се замисливи без лук. Не се заборават и здравствените придобивки. Но, при консумирање на лук, телото создава гасови со сулфур. Непријатниот здив доаѓа од стомакот, а не од устата.

За ублажување на лошиот здив после јадење лук се зема лажичка сенф која се држи во устата околу една минута пред да се голтне. Водата, млекото или лимонадата помогаат при непријатниот здив предизвикан од лук. Пиењето млеко пред и за време на јадењето го намалува непријатниот здив. Магдоносот и нането го неутрализираат лукот. Се џвака долго свеж магдонос. Против луковиот здив помогаат и семето од кардамон, анасон и каранфилче. Зелениот чај или од нане содржат полифеноли кои ги намалуваат сулфурните соединенија создадени од лукот. Затоа се пие чај за време и по консумацијата. Непријатниот здив го ублажува џвакањето на зрна кафе. Антибактериските особини го прават лимонот ефикасен. Го отстранува непријатниот мирис и од рацете по чистењето на лукот. По јадењето треба  темелно да се четкаат забите и јазикот. Гумата за џвакање помога во освежување на здивот со ослободување на повеќе плунка која е клучот за ослободување од непријатниот здив. ,,Маката,, со непријатниот здив се ублажува и со водичка за перење на устата.

Loading