МИСТЕРИОЗНАТА ЈАКУПИЦА

Со легендите кои се вртат околу врвот Солунска глава и зелниот мраз скриен во пештерите, планината Јакупица овозможува многу погодности за планинарите и авантуристите. Според легендата од врвот на надморска височина од 2540 м., може да се види градот Солун во Грција. Оваа предание привлекува многу планинари, моторџии, параглајдеристи и излетници.

Прв планинар што го освоил врвот бил Урош Жупанчиќ во 1936-та година.  

Чуварот на телекомуникациската станица вели дека уште не го видел синилото на Егејот. Додава дека има време, но не знае дали ќе го види најголемото грчко пристаниште на Егејското море.

Дури и ако планинарите не можат да видат сé од Солунска глава до егејското крајбрежје, има многу други видици кои го одземаат здивот. Кажуваат дека на ведар ден се гледаат планините Олимп во Грција и врвот на Пирин, Вихрен, во Бугарија.

Врвот, Солунска глава, највисоката точка на планината Јакупица во централна Македонја, изгледа како мешавина од зеленилото на швајцарските Алпи и Карпестите планини во западна Америка.

По лесната нагорнина на патот за врвот, постојат две пештери во кои има зелен мраз и чудни, неиспитани инсекти.

Според овчарите, на овие терени постојано се присутни диви волци, лисици, мечки и диви свињи. Рибарите тврдат дека речната пастрмка од локалните водопади на Кадина река, која тече низ расцепот на планините Караџица и Китка е најтешка за лов во цела земја. Излетниците, заинтересирани да го видат ова природно чудо, можат да се искачат на Јакупица и да дојдат до Бегово поле и Солунска глава со качување по патеката јужно од Скопје преку Китка и Караџица.

Од Солунска глава, излетниците можат да поминат некоја ноќ во еден од двата кампови на планината. Еден од камповите, Чеплес, е на неколку километри од врвот. Планинарските домови не се луксузни, но се погодни за одмор и да се чујат птиците, да се вдишува свежиот планински воздух и да се видат локациите кои предизвикуваат воодушевување.

Се организираат и излетза да се доживеат тајните на планината.

Јакупица – национален парк?

Специфичната клима како и гео и био диверзитетот, се во прилог кон потребата за ставање на овој простор под заштита на државата. На Јакупица има различни геоморфолошки, геолошки форми на карпите, кои се стари речиси милијарда години. Има бројни пештери. Таму е и камениот мразник, единствена појава во Македонија и меѓу ретките на Балканот.

Ова се дел од вредностите со кои Јакупица претендира да стане национален парк.

Салаковски Езера – Горските очи

Јакупица може да се пофали и со две езера од глацијарен тип, познати како горски очи. Малото Салаковско Езеро е  на северозападниот дел од Салаковскиот цирк на 2171 м. Длабоко е  до 2,5 метри.Го храни извор од северозападна страна, и со врнежи и преку топење на снегот. Големото Салаковско Езеро го зазема југоисточниот дел  на 2170 м.  поголемо е од Малото. Има елипсовидна форма

Loading