ГОСПОД МУ СЕ НАЛУТИ НА ПРИЛЕП     

Слики од невремето

Обилни врнежи од дожд проследени со силен ветер урнаа покрив во населбата “Димо Наредникот”. За среќа, нема повредени. Електричните празнења предизвикаа само дефекти на интернет. Ветерот со ураганска брзина, урна од корен неколку стебла. Бурата турна стотици гранки. Улиците наликуваа на реки. Водениот бран, речиси рамен на поплава, го отежна одвивањето на сообраќајот, бидејќи канализацијата тешко ја примаше надојдената вода од само 11 литри на м2. Неколку возила заглавија на сообраќајниците полни со рам, над банкините, дури и на тротоарите.

И тутунарите останаа со помали приноси, бидеќи ветерот корнеше и тутунски листови. Се одвеаа скелињата за сушење тутун на повеќе места.

Стихијата траеше кусо и не поплави домови во градот. Нариганото речно корито, неисчистено 50 години, успеа да ја прибери водата.

Комуналците и екипите на Водовод и канализација интервенираа на најзагрозените локации. 

Синоптичарите прогнозираат нестабилно време до крајов на неделава.        

Loading