КАЈ СОНЦЕТО Е ИЛАЧОТ  

Еден чоек имаше една ќерка и еден син. Коа се роди тоа детето машко, сестра му беше голема. Таја чула, коа му нарекле наречници стреќа, касмет. Му нарекле дека коа ќе се жени, да излези змија, да го клукни

Кога нарасна детето, татко му вели на ќерка си:

-Ај да те мажам, ќерко, а после ќе го женим и брата ти.

Наречници ја виделе сестра му оти чула наречување, и рекле незе:

-Ако кажиш, ќе ослепејеш, а леко ти је од кај Сонце вода.

Татко ји викал:

-Ќе те мажам, а она неќела. И ја стегал некоје време:

-Оти не се мажиш? Да ми кажиш!

-Ќе ти кажам татко, ама ќе ослепам.

-Ќе ослепиш?

Му кажа и ослепе.      

-Илачо, леко ми је од кај Сонцето вода.

Како ослепе чупава, а брат ќе и оди кај Сонцето. Одил три години. По пато најде две змији, заварени, једна за друга залепени.

-Кај ќе ојш, брате? – му викаја змијите.

-Кај Сонцето по лек.

-Прашај и за нас.

-Ќе прашам – и тргна.

Потаки најде една река матна.

-Кај ојш? – праша реката.

– Кај Сонцето по лек.

-Прашај и за мене, матна сум, до сеа не сум се избистрила.

-Ќе прашам – и тргна да оди. 

Потаки најде една круша.

-Кај ќе ојш, брате? – праша круша.

-Кај Сонцето по лек.

-Прашај и за мене. Цут цутам, род не раѓам.

-Ќе прашам – и тргна.

Накрај отиде кај Сонцето. Се скри зад вратата кај мајка му, да не го изеди кога ќе дојди гладно од работа. Дојда Сонцето и седна да јади. Пред него многу јадејне, три казани чорба и девет вурни леб. Штом седна Сонцето, излезе мајка му. Сонце и рече:

-Мајко, ми мириса човечка мрша.

-Нема! Вечерај! Ако нешто има, ќе ти кажам.

Кога се навечера, излезе човеко и праша за лековита вода. И му кажало на Сонцето, кај има лековита вода, и му дало лек.

-Идејиќум по пато, најдо две змији заварени, ами и за нив лек?

-За нив лек? Откога ќе заминиш, ќе му кажиш: “Толку мина сте клукнале, уште еден да клукните, и ќе се одварите” – му рече Сонцето.

– Идејиќум, најдо една река матна. И она бара за лек, да се избистри.

-За неја лек? Откога ќе ја прејдиш, да и кажиш: “Толку мина си удавила, уште еден да удавиш, и ќе се избистриш.

Идејиќум најдо една круша, цут цути, род не раѓа; ами за неја лек.

-За неја лек? На крушата ќе се качиш. Таја е дупена и има тагарчик со пари, да си и земиш. Отоа не раѓа таја.

 -Е, ќе си одам – вели човеко.

-Слушај, кога ќе видиш на еден рид ќе се вијат орли. А ти да појдиш, да видиш, што се вијат? Таму ќе најдиш едни ајдути, се избиле сами, не можеле да си погодат парите. Ќе си земиш пари  колку сакаш, и ќе си ојш дома.

Тоа му рече Сонце и му даде од лековита вода.

И си тргна надзад да си оди. Кога наближил кај крушата, се качил на неја, извадил од дупка тагарчик пари и си продолжава по пат. Дојда кај матна  река.

-Праша  за  мене?

-Чекај, да прејдам, ќе ти кажам.

Прејде матна река и и кажа:

-Толку мина си удавила, уште еден да удавиш, и ќе се избистриш.

-Ах, како не беше поблиску – се налути реката.

И човеко продолжи. Заминал кај змијите заварени.

-Ами за нас лек?

-Чекајте, да заминам, ќе ви кажам.

Замина и им рече:

-Толку мина сте клукнале, уште еден да клукните, и ќе се одварите.

-Ах, како не беше поблиску – писнале змијите.

Поодил и видел орли кај што се вијат. Ошол на ридо и видел некоји ајдути, се избиле сами, оти не можеле да си погодат парите. И човеко колку сакал талку пари зел.

Си дојде дома и ја донесе лековита вода од кај Сонцето за сестра му од очи, и си донесе многу пари. Сестра му се измила со водата од кај Сонцето и и се провидело. Тогај татко ја омажи ќерка си и го ожени сина си.

Loading