И со затворени очи чувствувам што прават оние ококорени по пари.
x
Денот изминува,а треба да се чувствуваш поспособен за оној што надоаѓа.
x
И со лош договор може да си го навееш сатарот врз глава.
x
Распрегнат коњ си оди по свое.
x
Вистинскиот референдум е оној што го бара народот.
x
Негувајте ја надежта не само за себе.
x
Душата е душа и во замок и во колиба.
Д-р Хаџи-Васков