СМРТ ЗА КОМАРЦИТЕ

Комарците ги уништуваат пријатните моменти. Спас од овие инсекти  и одржување на уживањата е можна со природна формула која не ја загрозува околината.

Со раствор со нежен мирис на нане се прска дворот или балконот и се враќаат летачките штетници. Спрејот се приготвува лесно, а пред секое прскање треба добро да се протресе шишето. Покрај трите состојки, може да се додадат неколку капки од некои есенцијални масла кои не ги сакаат комарците.

За едно прскање да декува два ипол месеци  потребни се 500 мл. течност за плакнење на устата со вкус на мента/нане, 350 мл. пиво и 700 гр. горчлива сол, магнезиум сулфат, што го има во секоја аптека. Познат е како прихранувач на почва сиромашна со магнезиум. Сите состојки се мешат во шише со распрскувач и добро протресуваат. Горчливата сол потешко се раствора, ќе биде потребно време убаво да се раствори. Се прска дворот, тревата и патеките на движење. Составот не штети на растенијата во дворот. Дури помага на тревата да стане позелена. Безопасен е за пчелите. Откако убаво ќе испрска, дејството трае два ипол месеци.

Loading