ВАКЦИНАЦИЈА СО ЧЕТВРТА ДОЗА

Идната недела во здравствениот дом

Со новиот летен бран на корона висусот со тенденција за пораст првите есенски денови, здравствените власти препорачуваат четврта доза на вакцина. Од средината на идната недела и во здравствениот дом ќе се отвори пунктот за имунизација од Ковид 19. На граѓаните им е достапна вакцината, Фајзер, а наскоро и Модерна. За превенција, докторите препорачуваат вакцинација на граѓаните над 60 годишна возраст, особено за оние со хронични болести. Велат дека не е на одмет да се имунизираат и другите возрасни групи, полесно подложни на инфекцијата.

Паралелно, во инфективното одделение од болницата се става во функција пункт за проверка од корона со брзи тестови. Тестирањето ќе оди само со закажување преку матичните лекари.

Инаку, коронарниот оддел на интерното одделение деновиве е обезбедено со систем за снабдување со кислород без боци, со што полесно и побрзо ќе се интервенира кај пациентите.  

Loading