ЧИСТЕЊЕ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО ОД ПОЛИПИ

Полипите или аденомите се израстоци кои растат од слузокожата на дебелото црево кон внатрешната страна. Може да се мали, средни или големи, со петелка или без петелка. Доколку се зголеми димензија, полипите ја стеснуваат цревната шуплина. Најчесто се отстрануваат хирургшки.

Но, природните лекови помагаат за полипите со помал обем и го чистат дебелото црево од сите заостанати и скаменети делови.

Потребни се 150 гр. суво грозје, 150 гр. суви смокви, 150 гр. сливи, пакување чај ‘Алкалакс и 2 тегли мед. Се сечка или се меле сувото овошје. Содржината од Алкалакс може да се тури во овошјето. Сите состојки заедно се мешаат со медот, масата да се изедначи. Се складира во тегли во фрижидер. Се употребува по една лажица трипати дневно, на гладно (30 мин пред јадење). Во текот на денот потребно е да се испие доста вода, најдобро филтрирана.

Полипите не се поврзуваат со ракот на дебелото црево, оти главно се бенигни творби. Со време може да се развијат во канцерогени клетки. Полипите имаат различен степен на дисплазија, односно различен степен на нарушувања на клетките со променето јадро, забрзан раст, променети жлезди и намалено излачѕвање на слѕз. Тие промени можат да предизвикаат развој на пак.

Фактори на ризик

Полипите се последица од настаната грешка на клетките на дебелото црево. Како фактори кои доведуват до развој на полипите се наведуваат: генетските фактори и исхраната богата со маста, а сиромашна со растителни влакна.

Loading