МЕТАФОРИЧЕН СПАС НА ПАТЕКАТА

Неформалната група Прилеп на точак, го афирмира возењето на велосипед од безбедносни, еколошки, здравстени, рекреативни и економски мотиви, покри автомобил со црвена прекривка, паркиран на велосипедска патека во градов. Необичнната своевидна опомена е метафоричен гест што предизвика внимание и поддршка, од една страна, но и осуда на недисциплинираните возачи кои го узурпираат велосипедскиот простор.

“Прекривачите” претендираат да ја подигнат совеста кај возачите, но и кај локалната самоуправа за обезбедување повеќе простор за движење на две тркала. Со слични акции сигурно дека ќе влијаат да си ги “спасат” малкуте патеки од автомобилите. Но, на помош би требало да им притекне полицијата.

Loading