“Креативен хаос” е книгата, првенец на деветтоодделенката Елена Јандреовски од ОУ “Блаже Конески”, во која пишува за својата перспектива, за ослободувањето на мислите и за креирањето засебен универзум далеку од сé. Младата Елена ја освои втората награда на манифестацијата “Душата на чаршијата” на Дата Песнопој.
Според Илија Мерковски, низ стиховите провејува здрава, чиста мисла, како и толкувањата на песната, јазикот.
-Елена со бескрајна чистота, бележита искреност, пее барајќи подредување и доживување на сознанијата за осмислувањето на светот – вели Мерковски.
Елена пишува две години. Сака да рецитира, а чистиот воздух го користи за инспирација. Поезијата í е хоби.
Пишувам чудни песни
Не знам од каде излегуваат овие стихови…
Како ги осмислувам,
ништо не знам, едноставно…
Пишувам чудни песни, но знаеш,
можеш да ја најдеш мојата душа во нив…
Некаде длабоко,
ако се зачиташ можее ќе ја пронајдеш,
скриена…
Во тие
Чудни песни што ги пишувам….
Е.Ј.