Втора лига
Привршуваат и третолигашките првенства. Се ближи денот за бараж-натпреварите. Ќе учествуваат шест тима (еден досегашен второлигаш и петте прваци на третолигашките групи), за да се пополнат три второлигашки места. Има реални изгледи, еден од трите бараж-меча да биде во Прилеп. Тоа е можност за многу публика на Градскиот стадион.
Пред три недели од Прилеп во Струмица беше преместен бараж-дуелот за Прва лига, Тиквеш – Воска.