Познато е дека минералната вода ја поттикнува дигестијата и овозможува подобар проток на храната низ цревата. Циметот ефикасно го регулираа шеќерот во крвта, го загрева телото и го забрзува метаболизмот. Лимонот го снабдува организмот со витамин Ц, делува стимулирачки врз цревата.
Комбинацијата од овие три состојки поттикнуваат природно и здраво слабеење, особено на масните наслаги на стомакот. Овој напиток создава чувство на ситост. Водата со цимет е пијалок богат со антиоксиданси. Кога ќе се спојат, создаваат моќно дуо за уживање. Во суштина е освежителен напиток кој ослободува килограми и го подобрува здравјето. Со додавање на цимет во водата се добиваат антиоксидантни, антиинфламаторни и антиканцерогени својства. Се подобрува здравјето на срцето, се намалува холестеролот и се губи тежината. Циметот го јакне метаболизмот, но напитокот не е замена за оброк. Нужно е прилагодување на оброците и повеќе физички активности.
Потребни се 1 чаша минерална вода, ½ лажичка цимет во прав, ½ лимон – сок. Во чашата со газирана вода се додава циметот во прав и свежо исцедениот сок од половина лимон. Смесата ќе запени, па затоа користете повисока чаша. Убаво се меша додека се изедначат состојките. Се препорачува да се пие двапати дневно, наутро и навечер, половина час пред јадење, веднаш откако ќе го приготвите.