ОО НА СДСМ:
“Китењето со туѓи перја, односно сликањето со проекти реализирани од страна на доскорешните градоначалници од редовите на СДСМ, е главна карактеристика на седуммесечното владеење на неспособните кадри на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ”. Ова се вели во реакцијата на ОО на СДСМ за врачувањето на наградата за „Најзелена општина” во 2021 година, која во присуство на шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир, му беше доделена на Прилеп, а која е најдобра потврда за кажаното.
“Без срам, без да ги спомене заслугите на претходната локална власт од СДСМ за признание, Јовчески го присвои сработеното на неговиот претходник Илија Јованоски и поранешниот менаџерски тим на Комуналец. Јовчески без грижа на совеста се сликаше и на спортско-рекреативниот центар кај вештачкото езеро, проект реализиран на општина Прилеп, водена од СДСМ. Она што тој од етички и морален аспект најмалку требаше да го направи, беше да го покани својот претходник и заедно да ја примат наградата, во која придонесот на Јовчески е целосно минорен.
Нспособноста на Јовчески станува проблем за животот на граѓаните. Затоа го охрабруваме да се осмели и да поднесе оставка.