Одлична превенција од инфапкт и мозочен удап, но и за циркулација. Проблемите со циркулација можат да бидат предизвикани од различни состојби. Делумно се наследни, генетски фактори. Најмногу влијаат ризик факторите како пушење, вишок на килограми, премногу шеќер, сол и маст во исхраната, алкохол, недостаток на физичка активност… Проблемите со дијабетесот и хипертензија влијаат на стеснувањето на крвните садови. Овие се причините кои доведуваат до задебелување, оштетување и намалување на еластичноста на крвните садови и таложење на масти. Затоа протокот на крвта е намален. Тоа предизвикува разни тешки болести како срцев удар, тромбоза… Проблемите со циркулацијата во нозете, предизвикуваат трнење, отоци особено во подколеницата и околу скочните зглобови, болки, чувство на постојано студенило и многу посериозни проблеми.
Во аптеките има многу билни за подобрување на циркулацијата, посебно периферната. Но, постојат народни, испробани рецепти. Лекот служи и за превенција од длабока венска тромбоза, превенција од инфаркт и мозочен удар, опоравување и регенерација на оштетените крвни садови. Овие лекови го подобруваат памтењето, го намалуваат заморот, исцрпеноста и поспаноста, состојби кои ги чувствува и најздравиот човек.
Потребни се 50 гр. цвет од невен, 100 гр. жолт кантарион, 100 гр ивина трева, 100 гр коприва, 1 литар лозова ракија или вотка. Состојките може да бодат свежи или суви. Се сечкаат ситно и се складираат во стаклена тегла или шише. Потоа се преливаат со силна лозоварпакија целосно потопени. Сувите билки можеби ќе испливаат на површината, па првите денови ќе треба почесто да се протресува теглата. Лекот треба да стои 21 ден со повремено протресување. Потоа течноста се цеди се складира во друга чиста стаклена тегла или шише.
Се пие 1-2 полни супени лажици наутро и навечер, подолг временски период, со редовни кратки паузи.
Подобрувањето на циркулацијата се забележува после 1-2 седмици, од користењето.