В болница
Во состав на Интерната амбуланта, од 6 јуни во функција е коронарниот стрес тест за сите пацинети, а не само за спортистите. Префрлањето на апаратот за снимање на срцето при брзо одење по подвижна лента под контролиран напор, доведе до немил настан, турканици и расправии меѓу медицинскиот персонал. Дислоцирањето од амбулантата за спортска медицина во интернистичката амбуланта, предизвика расправии, иако се темелело на одлука на стручниот колегиум.
Директорката на болницата Кети Смилеска истакна дека апаратот ќе биде ставен во функција за сите граѓани и ќе биде вклучен во системот “Мој Термин”. Од 5 работни дена, во 4 ќе им биде на располагање на спортистите, а само еден ден за останатите граѓани со срцеви проблеми.
-Имотот на болницата е имот на граѓаните. Со тој имот треба правилно да располагаме. Од тоа се водевме кога решивме да се премести апаратот и да се стави на услуга и на други пациенти. Не може некој да се доведува во ситуација дека му се одзема нешто што е негово. Ништо овде не е мое или твое, туку е од сите граѓани. Имаме ваков апарат што не е во употреба. Во неколку наврати ја разгледувавме можноста на стручен колегиум да се стави повторно во употреба. Но неговата употребна вредност е мината. Направија обид да се сервисира, но не можеше да се поправи. Затоа овој апарат, кој е нов, го ставаме на располагање и на пациентите, не само на спортистите, со тоа што го дислоцираме од една просторија во друга – рече Кети Смилеска, директор на болницата.
На преместувањето на апаратот реагирал докторот од спортска медицина, кој изјави дека е нападнат и дека нема да дозволи да се земе со сила. Предлага да се поправел стариот апарат, кој бил расипан скоро 10 години или да се купел нов кој чинел околу 15.000 евра.
Интервенирала и полицијата. Се преземаат мерки за документирање на случајот, по што ќе се поднесат соодветни пријави.
ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп
Ризик да се расипе и новиот апарат
Советникот и доктор Трајче Ржаникоски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека не бил запознаен со одлуката на стручниот колегиоум. Оптоварувањето и ракувањето со стар апарат од персонал од две служби, еден ден интерно одделение, четири дена спортска медицина, ќе значи можност да се остане и без тој апарат и да се затвори и Службата за спортска медицина со последици за многу спортисти. Тој тврди дека и другите апарати за дијагностика се во лоша состојба и дека недостасува персонал.