НЕОЧЕКУВАНА ПОБЕДА ЗА КРАЈ!

Жени

Екипата на Деспина со неверојатни 11:4 ја совлада Шкендија во Тетово. Резултатот не би бил изненадување ако се случеше минатата сезона, кога прилепскиот тим се бореше за титулата. Сега е мало чудо, оти во пресрет на дуелот Шкендија беше осма со 19, Деспина деветта со 17 бода, а есеноска тетовчанките со 6:3 победија во Прилеп. Токму кога требаше, Деспина се изнадава голови и се подигна на табелата до 8. место со 20 бода.

Шампион со 55 бода е тетовски Љуботен.

Loading