НАМЕСТО ЗАСИЛЕНИ – ОСЛАБЕНИ!

Пинг-понг

Вистински ,,шок,, доживеа македонскиот шампион Младост 96 на дебитантскиот настап во Трофејот на Европа, куп на Европската пингпонгарска унија. Во романскиот град Одорхеи, прилепскиот клуб се појави без тројца пингпонгари. Наместо засилен – ослабен! Покрај отсутниот поради работни обврски Андреј Лашкоски, откажа Црногорецот Лука Бакиќ (повреден) и Србинот Стефан Костадиновиќ (не доби дозвола од матичниот клуб Суботица), па товарот падна на Антонио Стомнароски, Александар Рикалоски, Раиф Рустемовски и Петар Костовски. Загубени со по 3:0 се дуелите со Одорхеи и со српскиот Темерин. Првото место е за Одорхеи.

Пред Младост 96 е уште еден предизвик, борбата за одбрана на титулата, во плеј-оф финалето со Крива Паланка, в сабота на гости, в недела во Прилеп.

Loading