ЗАШТИТА НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ И ЈАКНЕЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ

За здравјето се препорачува храна и зачини добри за дишните патишта и имунолошкиот систем. Со избалансирани калории и лесна храна се гради силен систем за одбрана од вирусни и бактериски инфекции.

Храната богата со Ц витамин е свежото овошје или кратко термички обработено, масти и влакна. Треба да се јадат кромид, лук, праз, магдонос и целер. Кромидот и лукот помагаат и кај различни респираторни инфекции. Кромидот да се јаде суров, а може да се става и во супи. Сечканиот магдонос или целер добро е да се додаде во супа. Што се однесува до овошјето, одлични овошја се цитрусите, калинките и сите сезонски плодови што можат да се најдат ова време.

Во исхраната треба да се додаде и маслиново масло, месо во мали количества, риба и јаткасти плодови. Пожелна е динстаната храна, житариците, мешунките, месото, рибата и зеленчукот, кратко термички обработен, и салати. Се препорачуваат и зачини како, циметот кој помага за јакнење на белите дробови.

И во лето се важни топлите напитоци. Чајот е одлична превентива. Ефикасен е од ѓумбир. Може со каранфилче.  Може и да се џвака за дезинфекција на грлото и усната шуплина.

За настинка, се внесуваат лесни оброци, се пијат топли напитоци и се испира устата со прополис кој има антивирусни својства и помага во борбата против вирусите и бактериите.

Loading