ВИЦ НА НЕДЕЛАТА

Се препираат хирург, архитект и политичар  кој е најстариот занает на светот.

Хирургот вели:

– Господ од реброто на Адам ја создаде Ева. Ете, тој бил првиот хирург, и тоа многу добар.

Архитектот го прекинал:

– Чекај, чекај, Господ ја направил Ева дури шестиот ден. Сети се на самиот почеток, прво бил хаосот, па настанал редот. Кој би можел да го направи редот освен архитектот?

На крајот се вмешал и политичарот:

– Па добро, бре, луѓе, што мислите, кој го направил хаосот?

Loading