ШУТ, НАМЕСТО ЃУБРЕ

Никако да запре фрлањето на градежен шут во контењерите за органиски отпад, покрај апелите на Комуналец. Дел од граѓаните ги полнат садовите за ѓубре со малтер, тули, плочки, бетон, земја, камења и други цврсти отпадоци со што не само што ги оштетуваат контењерите, туку и превозните средства, димензионирани со ограничен капацитет. Преголемиот товар од шут предизвикува дефекти и на хидроуликата на камионите и остантите делови од превозните средства. Така штетата е повеќекратна.

Комуналец информира дека е можен закуп на големи контењери за шут за малку пари, кои, откако ќе ги наполнат закупувачите, Коумалец ги презема и ѓубрето го превезува до депонијата. Паралено, Команалец организира собирање на кабаст отпад, домашни апарати, постелнини теписи и мебел еднаш неделно.

Loading