ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

Екипа на Центарот за јавно здравје врши заштита од комарци и други инсекти последниве три дена со прскање со средства во ноќните и утринските часови. Станува збор за превентивна дезинсекција во градов, што е трета фаза. Постапката се изведува со УЛВ-апаратура за ладно замаглување поставена на пикап возило со предходница на друго возило означено со ротационо светло.

Ќе се прска во Прилеп и периферијата и во  селата Оревоец, Лениште, Селце, Лагово, Беровци, Кадино Село, Галичани, Тополчани, Ерековци, Канатларци, Чепигово, Тројкрсти и Мало и Големо Коњари.

Loading