ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (144) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Свадбата од Павлески Ванчов Мирко Петрески. За оваа свадба нема многу да се задржиме поради што целосно е опишана од саботата вечерта до понеделник после ручек. Свадбата од Мирко е опишана од 208 до 244 страна во книгата Македонски народни приказни и анегдоти во книгата на Велјаноски Томе Марулецо.

Склучено побратимство помеѓу Петре Бабјак од Марул и говедарот Насуф од канатларци. Од денот Св. Атанас зимен 31 јануари 1953 година за говедар во Марул беше прифатен канатларчанецот Насуф со неговите три деца Исак, Амза и Абаз до Митровден 7 ноември 1953 година. Во тој направен договор имаше место кој има потреба од марулските домаќаинства да тераат и свиње за пасење со селските говеда наравно со руга. Свињи за пасење во говедата тераа долно марулци поради житото и пченките, царевките беа во нивната близина под селото. Домаќините за да немаат проблем со свињето за пасење со селските говеда.

Неколку дена после селската слава Мала Богородица, Насусовите деца Амза и Абаз ги пасеја говедата во Горни превалец во Бресто и Езериште. Свињата од Петре Бабјак се скри, ја снема. Гојдарчињата Амза и Амаз ја побараа, не ја најдоја мислејќи дека е појдена дома.

На сјодење дома во Канатларци гојдарчињата Амз аи Абаз навратиле кај Петре Бабјак за да проверат дали е дојдена маторицата дома поради се скрила, добиле одговор да не е дојдена. Самиот Петре одговори ќе си дојди каде и да е.

Наредниот ден таткото Насуф и неговите две деца Амза и Абаз дојдоја да ги пасат говедата, а Насуф да ја бара загубената свиња. Насуф свињата ја нашол во колибата на лозјето од Јованоски Тодор изедена од волкот во местото викано Клино под селото. Говедарот Насуф дошол дома кај Петре Бабјак за да му кажи што се догодило со неговата свиња.

Насуф го нашол дома Петре, си се мезел со ракија за да му се олесни физичката тегоба од работата, фрлал арско ѓубре, гној на нива. Во разговорот Насуф му дофрлил, добро бре Бабјак, зар само твојата е уста, си се полеваш со ракија, зар јас немам уста и очи.

Петре го погледна Насуфа и во смеа му одговори, се знам и гледа, ако те почестам да не влезам во гревови, да не ти го расипам намусот и верата. Насуф му одговорил на Петре, јас за во нашата вера сум низок човек. Цел живот се борам маченички со животот. Немам направено грешни работи, пак сум сиромав. Затова сакам да пробав и од вашиот живот и нарав.

Петре откако го ислуша Насува ј аповика жената си Трајана, донеси чаше ракија и една ваганка, бело овчо сирење и скувај кафе. Туре Петре од ракијата, се омезија од сирењето и Петре му вели, Насуве се разбравц за свињата. Не ја жалам таа требала дома да си дојди. А не, отишла на грозје кај мојот прв пријател Тодор да му прави штета. Волкот е арамија, каде ќе најди, таму ќе јади, него никој доброволно не го чести. Затова тие муабети ги оставаме за друг пат, ние да се заграбиме, да се збратимиме му вели Петре на Насуф. Петре и Насуф од тој ден станаа побратими фамилијарно. Си прават куќни посети на нивните верски слави.

Петре во 1957 година го ожени Крсте. Насуф фамилијарно му беше на свадба. Во 1958 година Петре ја омажи ќерката Зора. Насуф фамилијарно му беше на свадба. Нивното побратимство траеше се до почетокот на шеесеттите години до заминувањето во Турција. Петре беше стален гостин кај Насуф. Петре беше поканет на гости кај Насуф кога синот Крсте беше младоженет со се невестата во 1957 година.

Свадбата на Ристески Блажев Богоја Танески беше во истиот ден со Мирко Павлески при убав есенскис ончев ден. На свадбите од Мирко и Богоја во неделата утрото за малце ќе дојдеше до еден инцидент при одење на свадбарите по невстите. Према направениот договор од порано за да нема пресретнување на свадбарите при одење по невестите. Дојде до мало каменување од страна на Танеските домаќини према Павлеските свадбари. Благодарение на неколку посвесни луѓе од свете страни, благодарение пре се на Василсоки Милан Борачо кој е старосват кај Павлевци за Мирко кој му е внук од сестра, а од друг астрана Милан е Танески нунко.

Павлевци како да го прекршија договорот направен со Таневци, требало Павлеските свадбари да поминат поред Павлеската казарница поред Чоневци кај Крлешката поред чешмата Стојческа по Леќишта да го фатат патот за Подмол. Свадбарите јурнаа поред оградата Колеска по чајрот излегоа пред портата Танеска. Таневци се налутија понаа со камење да фрлаат на Павлеските свадбари. Сепак кај Танеските свадбари се најдоа поавторитетни свадбари Танески Данчо Јованоски, Цветан Крушка Илијоски Димитрија од Подмол зет Танески. Со тие луѓе се смири нередо.

Павлеските свадбари заминаа по мирковата невеста по Колеска Нада од с. Бонче и таа невеста ја венчаа во подмолската црква с. Димитрија на идење од Бонче. Танеските свадбари тргнаа по невестата од Богоја во с. Беровци кај Штрковци по невестата Зора. По заповеста на свештеникот Смилески Ванѓел за да не дојди до поновен хаос Павлесдката невеста Миркојца беше венчана во подмолската црква. А додека Танеските младоженци Богоја и Зора беа венчани во марулската црква.

Свадбата на Стојаноска Илијева Калина Котеска. Калина ја имаше нејзината свадба во истиот ден со свадбите од Павлески Мирко и Танески Богоја. Калина се омажи за Трајкоски Ристев Трајко писокалецот од с. Чумово. Оваа свадба помина убаво како што беше денот мирен со топло есенско сонце. Свекорот на Калина Ристе и мајка ми Неда беа први братучеди од два браќа Тоде и Митре Писокалски.

Свадбата на Ристеска Крстева Петра Танеска беше две недели после свадбата на братучед и Богоја. Времето беше прекрасно, мирно, сончево. Свадбарите добрушевци дојдоа по невестата Петра со два трактори за обичните свадбари. Додека главните сватови и законџиите дојдоа со повеќе запрежни коњски коли и со велосипеди.

Ристеска Танеска Петра е мажена за Јосифоски Пецо од с. Добрушево. БраЌата Блаже и Крсте свадбите ги правеа во заедница. Тогаш уште не беа делени.

Продолжува

Loading