ПАШКАНАТ ГИ ЕЛИМИНИРА ВИШОКОТ НА КИЛОГРАМИ

Бројни се причини зошто пашканатот треба често да е на трпезата. Оваа билка е меѓу највредните кај градинарски култури. Ја подобрува работата на бубрезите. Како диуретик, делува врз работата на срцето, белите дробови и црниот дроб. Го регулира крвниот притисок, ги јакне ѕидовите на крвните садови и срцето и помага за брзо ослободување од целулитот.

Медицината не ја признава лековитоста, иако алкалоидот пастинацид се користи против неуроза, немир и несоница, грчеви во желудникот и цревата и за подобро варење. Пашканатот го засилува потењето и ја намалува телесната температура. Со редовното консумирање на мешавината од пашканат и праз како густа супа се намалува телесната тежина.

Не е употреблив само коренот. Другите делови се ефикасни со мирисот и вкусот. Ароматичноста потекнува од коренот. Но, не е доволно користен, бидејќи е додаток за подобрување на вкусот на супите и чорбите. Според енергетската вредност, 100 гр. пашканат одговара на 100 мл. млеко. Содржи јаглени хидрати, белковини, органски киселини… Масти само околу 0,4 проценти.

Висока е содржината на минералните состојки, калиум и фосфор. Богат е и со магнезиум и сулфур, железо и бакар. Одличен е како диетална намирница. Од витамините ги има витамин Ц, Е и бета каротен.

Ако густата супа од пашканат и праз се јаде подолго време, нејзиното диуретско делување значително ќе ја намали телесната тежина и ќе помогне за побрзо ослободување на целулитот.

Листот е фототоксичен и не се препорачува.

Илач за витилиго

Традиционалната медицина препорачува чај од семе од пашканат за лекување на витилиго (бели дамки на кожата поради отсуство на пигмент). Се приготвува со една мала лажичка семе од пашканат кое се прелива со 200 мл. зовриена вода, се поклопува и се остава еден час, по што се процедува. Се пие четирипати дневно по една чаша. После еден месец се прави пауза од една седмица, а потоа се продолжува со терапијата. Лекувањето на витилигото е долготрајно. Потребни се најмалку 7 месеци. Со консумирање на чајот треба истовремено да се премачкуваат и депигментираните површини.

Loading