Гимназијалката Александра Трајческа го освои првото место на државниот натпревар “Цхансон францопхоне”. Во организација на Здружението на професори по француски јазик, под покровителство на Јаде Бенрејдал и добротворната организација “Бел идéал”, во Скопје, се одржа манифестацијата на наградување на ученици и наставници од основните и средните училишта кои придонеле во афирамција на францускиот јазик и култура.
На финалето на натпреварувачкиот дел во посебни категории за основно и за средно образование, учениците имаа изведба на песна на француски јазик. Жири ги оценуваше гласовните можности, правилниот француски изговор и сценскиот настап.
Во категоријата средно образование во финалето се пласира и Александра Трајческа, ученик во трета година во Гимназијата “Мирче Ацев”. Таа настапи со песната “Н’инсисте пас” од Цамилле Лелоуцхе. Со моќен глас и емоции, Александра ги освои срцата на публиката. Настапот го заврши со бурен аплауз и овации од публиката. Откако сите финалисти се претставија пред жирито и гостите, се објави триумфот на Трајческа, која го зазеде првото место.
Ментор на Трајческа и е професорката по француски јазик Мирјана Бошковска. Во подготвките учествуваа и проф. Николче Богданоски, проф. Татјана Ивановска и Филип Димоски, ученик во трета година.