ЗОШТО Е ДОБРО ДА СЕ ПИЕ БОЗА

Бозата содржи витамини од групата Б, кои се одлични за нервниот систем. Нервите први ќе го почувствуваат благодетот. Бидејќи бозата содржи и квасец, полна е со пробиотици кои ја поддржуваат цревната флора. Овој напиток е идеален за дигестијата и за чистењето на цревата.

Се варат пет литри вода со 500 грама пченкарно брашно, една коцка свеж или кесичка сув квасец и 200 грама шеќер. Брашното треба да се пропржи на суво да добие румена боја. Се карамелизира малку шеќерот бозата да добие боја. Па се лади и стои неколку дена во фрижидер. Бозата е најдобра после петтиот ден, оти почнува ферментацијата и тогаш се пие. После почнува да “режи” и повеќе да кисели поради ферментацијата. Бозата се чува во фрижидерот вкупно десет дена.

Loading