ПРИЛЕП КОНЕЧНО ДОБИ МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА

Прилепчани првпат по децении чекање и многу неисполнети ветувања конечно добијаа магнетна резонанца во општата болница. Овој уред за дијагностика ќе им биде ставен на располагање на околу 120.000 жители од Прилеп, Крушево, Македонски Брод и другите помали општини. Граѓаните нема да патуваат за Скопје или Битола.

На ставањето во функција на современиот апарат за дијагностика присуствуваше премиерот Димитар Ковачевски и министерт за здравство Беким Сали.

Апаратот е набавен од ИПА Фондовите за нашата држава за справување со здравствени закани. Поврзан е со систем Мој термнин.

Спроведена е обука и пробни снимања на лекарскиот тим и другиот медицински персонал. Тие се целосно подготвени да ги нудат најдобра здравствена услуга.

-Во изминативе 4 години на специјализација биле испратени 40 лекари, од кои само во последната година имало 26 специјализации и 4 супспецијализации. Тоа значи доопремување на болницата, подобрување на здравствените услови и подобра дијагностика. Продолжуваме со инвестиции во стручен кадар, опрема и инфраструктура – рече Кети Смилеска, директор на болницата.

Министерот за здравство Сали не одговори дали и кога Итната медицинска помош ќе добие современ објект, затоа што постоечкиот е стар скоро еден век и е во катастрофална состојба.

Loading