ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (143) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Кога сме околу мажење после две години од умирачката на Новачески Живко, војник во Ужице, во Србија, неговата сопруга вдовицата Мара Живкојца Новаческа Димитријоска зеде за нејзе човек домаќин во месец март пред седум месеци од с. Суводол, битолско Цветкоски Илиев Милан во селото викани Митревци.

На денот Крстовден по Мала Богородица вдовецот дваесет итри годишниот Живко Стеваноски, со едно дете сираче без мајка Васил, се прежени Живко за Стоева Неда осумнаесет годишна со едно дете сираче од с. Рапеш, битолско.

Покрај овие весели вести во Марул во месецот септември починаа две постари лица Павлеска Трајаница Цвета родена во 1891 во с. Кутлешево, прилепско и Јованоски или Ристески Ѓорчев Ристе 1888 година. Не дочека да му биди законџија по втор пат на внукот Анѓелески Живко Стеваноски. Присутни законџии при венчавката на Живко со неда. Нунко Кебакоски Милан од Кадино село, прилепско. Старосват Јованоски Крсте Јанкоски.

Голем девер Јовчески Ванѓел Велјаноски. Ристека Богданова Најденка Јанкоска се омажи односно го зеде домазет Димоски Петрев Драган од с. Бонче. Но Најденка и Драган венчавката ја направија во црквата Св. Јован во с. Бонче и после се вратија за стално живеење во Марул.

Дојчиноски Божинов Благоја Јолески 1953 се венча со Јонческа Илинка од с. Боротино, прилепско. Венчавката ја направија во Стара црква, Благовештение во Прилеп.

Василоска Стојанова Тодорка се омажи за Ристески Борис од с. Путурус. Тодорка беше таа девојка која секоја година со народен собир влегуваше во кладенецот капинешки за пиење вода, го чистеше.

Свадбата Павлески Мирко за оваа свадба нема да се задржиме многу поради целосно е опишана од саботата вечерта до понеделникот после ручек до завршување на свадбата која опфаќа повеќе листови и страници (од 208 до 244 страна) и тоа во книгата Македонски народни приказни и анегдоти, автор е Велјановски Томе Марулецо. Василоска Тодорка на Павлески Мирко му е тетка на мајка му сестра, само по татко е Стојан.

Петреска Цветанова Драгица Мурџеска мажена за Глигур Максимоски во с. Шелеверци. За свадбата на Драгица Мурџеска сводник или стројник беше Јованоски Цветан Крушка до неодамна претседател на Колективот во с. Марул. Мајка му Петра како невеста е превртена во долот во Мечкоец е роднина со Максимица, двете се штавичанки од Милевци, барем така се знае. Штотуку завршија сите свадбени обичаи. Свекорот треба да му плати бакшиш на сводникот за сторената работа што ја направил ги трошел чевлите за таа работа да ја префрли невестата со бонбони и да си тргнат сватовите од позади на невестинското чекаат децата бонбончиња за да фатат при фрлање.

Свекорот Максим не сака да го плати сводникот тука на местото ќе го плател дома сводникот. Дивтигот – јамболијата послана на задното седиште на запреѝната коњска кола каде ќе седат младоженците Глигур и Драгица. Сводникот Цветан Крушка го тргна дивтигот, го зеде преку рамо и отиде над неговата куќа покрушна на брегот према Бонче се завитка во дифтиго и се затркала во надолнината према капиниште неколку пати на неколку стотина метра го наполни дифтигот со секакво ѓубре, го остави таму, си дојде дома и не отиде со свадбарите во Шелеверци.

Цветан направи голем театар на Крушка брегот за поближната рода на момчето и невестата трагедија и срам за подалечните луѓе му се отвори непланирано драма и смеа. А додека Цветан непопустлив беше во неправдите. На средселото дојде до судир, не физички, туку критикувачки помеѓу приврзаниците на сводникот и Цветан и сватовите од страната на Максим. Се најдоја марулските посредници, застанаа меѓу двете страни. Ситуацијата се смири. Свадбарите шелеверски со невестата си заминаа за во Шелеверци да си одат. Во ноќта Петра, мајка му на Цветан и неговото синче, шест годишниот Гроздан Гоце ја напуштија свадбата кај Максима во Шелеверци, си дојдоја дома во Марул. Овој конфликт го направи свекорот Максим. Тој познат беше со неговите недолични постапки од порано.                                

Loading