НАВИДУМ ПРЕКРАСНА ВЕСТ

Нова држава, нова нација, нова црква, нова историја. “Се плашам од Данајците (Грците) и кога дарови носат”, рекол познатиот тројански пророк Лаоконт, за лукавоста со тројанскиот коњ. Нели песимистот е само добро информиран оптимист?

Вселенската Патријаршија ја призна Охридската Архиепископија за канонска. Во оригиналното соопштение, односно во одлуката на Светиот синод на Вселенската Патријаршија пишува следното:

“МПЦ не смее да го користи името “Македонија” или било кој негов дериват како “македонска”, “македонско”, “македонски”. Во документот се наведува дека некој писмено ова го ветил. Вселенската Патријаршија е, пред сé, грчка црква. Ова признание можеме да го толкуваме како што сакаме, да се радуваме колку што сакаме, но “ракописот” ми личи на оној од Нивице, од каде почна македонскиот распад.  Дали со тоа и во историјата ќе замине МПЦ на која и беше дозволено да го носи непроменливо името. Додека сите цркви (иако несмеат), имаат национален предзнак, а само на Македонците тоа не им е дозволено, за мене тоа е политика. Уште еден чекор кон апсолутно губење на македонскиот идентитет.

И НАТО го промени МКД и МК во НМ. Крвничка политика на соседите кон македонскиот народ, здивена по преспанскиот предавнички нелегитимен договор. Бугарија со нивните територијални букурешки претензии и нивното вето само затоа што сме Македонци. Албанските споменици низ Македонија ако се во чест на непријателите на Македонија, треба да се добродојдени, оти со тоа самите тие се срамат и се изложуваат на подсмев.

Нека читаат историја нашиве историски неписмени политичари. Имаат аргументи но немаат знаење и не чуствуваат политичка одговорност за заштита на Македонија и нашите национални интереси.

Ако нашиот Александар Македонски по некое чудо се појави меѓу модерниве Македонци и види какви лузери и дегенерици сме ние, каде политичките партии се поважни од државата, сигурно би ни забранил да се нарекуваме “Македонци”, оти тоа име не сме достојни да го користиме. Тој ќе ни предложи неговиот споменик да го покриеме и дури кога ќе станеме како нација достојни да се нарекуваме негови потомци, тогаш да го откриеме. Александар Македонски отиде јабана како жртва на грчко-македонското пријателство.

МПЦ и Македонија ќе постојат додека постои македонскиот народ и неговата желба за сопствена црква и држава, а тоа е единствено признание што им е потребно за да опстанат на црквата, и татковината.

ПРИМ. ДР. Б. ДАМЕСКИ

Loading