“ГЛАСОТ НА ЉУБОВТА” – ПРВЕНЕЦ НА ЈАСМИНА КОЛЕСКА КУЗМАНОСКА

“Гласот на љубовта” е првата збирка поезија од Јасмина Колеска Кузманоска. Содржи 31 песна. На промоцијата, рецензентот Цеца Видова Трајческа истакна дека во стиховите се откриваат нијансите на љубовта, од најстудените до најмрачните бои. Песните се милозвучен спој на хармонија на стихови.

Член е на Клубот на литературни творци.

Љубов

Пладневно, свето,

Топло, господово лето.

Изненадно, во тој миг

неочекувана средба,

тука познат лик.

Поздрав со сплетка,

пружи лева – десна рака.

Трепет топол,

игра лесна,

од срце што се сака.

Од очи бистри,

молња заискри.

Гласот ист,

поглед чист.

Не ме позна –

на прашање се сети.

-Колку ли време мина?

Прашања со одговори…

Мигот радосен стивна.

Секоја на своја страна мина,

по свој пат замина.

Време минува.

судбина сама си стори.

Пријателството

со рујно вино го опи,

и љубов разори.

Loading