ЈП ПАЗАРИ ГИ ДИСКРИМИНИРА ПРОДАВАЧИТЕ НА ПАЗАРОТ

Дел од продавачите и закупци на тезги во пазарот реагираат на нелегалната конкуренција, која им ја создаваат продавачите со комбиња полни со раноградинарски производи надвор од просторот на пазарот. Преку своја асоцијација реагираат до менаџментот на ЈП Пазари и до градоначалникот Борче Јовчески, укажувајќи дека имаат склучено договори за закуп, кои гарантираат продажба на земјоделски производи преку целата година.

Наведуваат дека се соочуваат со проблеми во работењето и затоа бараат:

Во согласност со законските прописи, надлежните органи веднаш да ги дислоцираат сите “диви” продавачи од околината на пазарот и од другите делови на градот и да ги преселат на соодветна локација предвидена за таква намена (поранешен кванташки пазар или на слободните тезги во пазарот кои ги има во голем број). Му укажуаат на раководството на ЈП Пазари на доследно почитување на сите точки од договорите, потпишани со со ЈП, оти сите продавачи на пазарот се легално пријавени во УЈП, редовно ги подмируваат давачките кон државата на име данок и плаќаат закупнина според договорите со ЈП. Локалната самоуправа и сите инспекторати со ингеренции да се заземат за решавање на проблемот долгорочен план за подобрување на функцијата на пазарот и за рационално искористување на основа на закуп на тезги.

Продавачите на пазарот се закануваат дека ќе бидат принудени да преземат радикални непопуларни мерки за остварување на правата, дури и преку протести и граѓанска непослушност, доколку не им се исполнат барањата. Негуваат надеж дека ќе преовлада разумот и надлежните ќе го земат законот в раце да ја отстранат дискриминацијата на економска основа која  им  ја создава ЈП Пазари и на на продавачите им носи загуби.

Loading