ВАЖНО Е ДА НЕМА ГОЛЕМИ ЦЕНОВНИ СКОКОВИ КОН ГРАЃАНИТЕ

ВИТАМИНКА

Првиот квартал од годинава, Витаминка покажа одговорност поради економската криза и ја здржа цената на маслото за јадење Брилијант на  ниско ниво долг временски период. Претходната цена беше 125 денари за литар, со што се внимаваше и било важно да нема големи ценовни скокови за граѓаните.

Изминативе недели ситуацијата е сменета во однос на набавката на суровина од Бугарија и Украина, единствените алтернативни пазари. Нерафинираното масло од овие пазари е со значително повисока цена што се одрази и врз малопродажната цена на маслото. Покрај покачувањето, цената на Брилијант е најниска од сите производители на масло на македонскиот пазар.

Компанијата доследно ги почитува препораките и се раководи според насоките на Владата за справување со економската криза.

Новото сурово масло набавено од Бугарија, Романија и Украина, чини околу 2.200 евра за еден тон, а пред два месеца цената се движеше од 1.200 до 1.500 евра за тон. Малопродажната цена на маслото, што е берзански производ, зависи од движењата на цените на светските берзи.

Поради увозот од Србија, кризата со маслото за јадење се смирува и нема потреба граѓаните да прават залихи.

Loading