Граѓаните, угостителите, но и трговците можат да здивнат откако по 2 години Владата на седницата на 3 мај ги укина речиси сите мерки кои беа воведени со цел заштита од коронавирусот. На сила останува да важи носењето заштитни маски во здравствените установи, аптеките, во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост како и во јавниот превоз.
Од Владата препорачуваат да продолжи одржувањето физичка дистанца, како и редовна лична хигиена, проветрување на затворените простории и самоизолација во домашни услови при услови на симптоми на заболувања на респираторниот систем.
На здравствените домови им се препорачува да ја интензивираат теренската вакцинација на возрасните лица над 80 години, но и вакцинацијата меѓу здравствените работници.