Во паркот кај судот
Се збогатува паркот кај судот. Оваа мала оаза во центарот е најпосетувана во толите денови. Затоа се обнови куќарката на дрвото, која се урна од невреме на дотраеното стебло.
Се памети старата импресивна куќарка во крошната, која се отстрани заради дотраеност пред три година и која беше атракција за децата. Новиот модел нема можност да се постави како старата, но затоа стои на платформа.
Летово овој парк уште ќе се збогатува со нови содржини за забава на најмладите.