ЃЕВРЕЦИ НА ФУРНА

И некогаш, и сега се популарни фурните. Во секое маало имало по неколку, бидејќи леб се месело дома, а на штица се носел на печење во фурните. Помодерните фурнаџии покрај сомуните, нуделе и ѓевреци и симиди. Мискојна мирисале фурните кога ќе се минело покрај нив. Сит би посакал да проба од пресните печива.

Примамувани од аромата на погачите, фурните биле врталишта и за старо и за младо, особено за децата. Младите биле привлечени од фурните, бидејќи можеле да се соочат со меракот кон некоја мома, која го носела лебот на печење или го враќала на штицата со леб дома. Како на чешма се фрлал по некој опул и се пуштал некој муабет и момите се врткале повеќе време со чаршафите за покривање на лебот. Срамежливо се насмевнувале на ергенските ишарети, додека им се зацрвенувале образите, а срцето им треперело како лист.        Фурните биле извориште на љубовта, оти душата вриела со страсен пламен со вкрстувањето на погледите.  

Фурните биле денско средиште пред корзо, кога не се работел тутунот. И повозрасни минувале дел од времето крај маалските врталишта, ако не седнувале во некоја од акџилниците. Скрстувале по некој курназлак додека го причекувале лебот. 

Loading