Добра војна е само онаа која никогаш нема да се случи.
x
Кој бара преку леб погача мора да знае дека нема леб без мотика.
x
Од меки луѓе очекувај тешки проблеми.
x
Матните умови постојано ја заматуваат вистината.
x
По смртта на идентитетот нема воскресение.
x
Не не убедувајте дека патот ни е послан до рози кога чевлите ни се заглавени во кал.
x
Кој прави проблеми не може да биде дел од решението.
“Д-р Хаџи-Васков”