ВАЖНО ГОСТУВАЊЕ ВО СТРУГА

Ракомет

Голема битка за опстанок води екипата на Прилеп во плеј-аутот од машката ракометна Супер лига. По загубените мечеви-во Скопје со 23:22, дома од Пролет со 20:24, викендов е гостување кај Струга. Мошне важен меч, каде евентуални три бода значат поттик за влегување во успешна серија. На табелата по Пролет со 14 е Струга со 10, Скопје со 4, Прилеп со 3 и Радовиш без бод.

Во плеј-офот од женската Супер лига, по поразот во Куманово (38:27), во средата беше дуелот Деспина – Стружанка (20:27), а викендов прилепскиот тим му гостува на Металург во Скопје.

Loading