Утринава кога се
разбудив
прва мисла ми беше
да ја кажам молбата
кон тебе Боже.
-Те молам, помогни
ми
да го најдам
спасението мое
во овај лажен свет
полн со Јуди и
среброљупци.
Те молам, покажи ми
го патот
по кој треба
да чекорам со
крената глава,
да не се изгубам,
да не застранам
во мноштвото
ненаситници,
со камени срца
облечени по
последна мода
а внатре голи со
празни души,
без малку љубов кон
ближниот свој.
Боже помогни ми
твојата благодат моја
храна да биде
да можам со
насмевка
да ги стоплам срцата
на немоќните и
болните напуштени
од своите.
Јас знам, моето срце
е мало,
но може
на страдниот љубов
да му дари,
да го стопли.
Помогни ми Ти, како
и секогаш,
да не залутам со
мислите,
голем грев е туѓо да
се посакува,
за себе изобилие да
се трупа
додека има гладни
усти
и молби за корка сув
леб.
Боже,
утрово повторно те
молам јас,
денес, како и секогаш,
помогни ми
и благослови ме ти.
Автор Божана Тренческа