ЏУДО ТРЕНЕР ДОБИ 20 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ОБЉУБА НА 4 ДЕВОЈЧИЊА

Со неправосилна пресуда до 20 години зад решетки, Судот во Прилеп го осуди 47 годишниот џудо тренер Рубин Пеески. Тој ќе отслужува затвор поради обљуба на четири девојчиња на кои им бил тренер.

Според портпаролот на судот, Жарко Велески, на Пеески му е изречена и забрана за вршење професионална дејност од 10 години.

– Тој е осуден за две продолжени кривични дела – обљуба со злоупотреба на положбата и за  две кривични дела обљуба со злоупотреба на положбата – изјави Велески.

Според обвинението, Пеески во 2020 година во Прилеп и на други места, извршил полови дејства врз деца кои наполниле 14 години, заради задоволување полови страсти со злоупотреба на својата положба. Станува збор за 4 девојчиња, ученички на кои им бил тренер.

Јавноста дозна на почетокот на 2021 година кога еден од родителите го пријавил тренерот во полицијата.

Loading