Паца оди на систематски преглед. Сестрата ја прашува:
– Колку сте тешки ?
– 45 кг.
Сестрата ја качува на вагата и мери 58кг и го запишува тоа.
– А колку сте високи?
– 165см.
Сестрата ја мери и висината е 155см, пак запишува и почнува да и го мери крвниот притисок.
– Притисокот Ви се покачил доста.
– Е како нема да ми се покачи, влегов тука висока и витка, а сега сум ниска и дебела!
Газдата им говори на своите вработени:
– Постојано се жалите, ама оваа година платите ви се повисоки за 30%!
Од гужвата се слуша глас:
– Во однос на која година?!
– Во однос на следната!