Фудбал: Трета лига – Југ
Првенството во Третата лига – Југ нема главен фаворит и затоа е неизвесно и интересно. Повеќе кандидати се за највисок пласман, па во секое коло има по некое дерби. Во неделата водечкиот Превалец во Велес не успеа да го совлада крушевско Питу Гули. Резултатот е 1:1. Во Неготино Вардар убедливо со 3:0 го надигра Росоман. И во средата имаше пресметки: Ново Црнилиште – Големо Коњари (4:2), Превалец – Вардар (3:6).
В недела во фокусот е мечот Вардар – Питу Гули.