Бисерот балкански не може да се зароби во школка.
x
Тврди дека неговите сеуште неиспеани песни ќе бидат евергрини.
x
Не го бива себе да се води, ама сонува да ја води државата.
x
Стројник се нуди, а за себе сеуште не нашол сопруга.
x
Многу магариња се нудат за тројански коњи.
x
Дали денес над Македонија се раѓа ново нормално?
x
Не барај поддршка од другите кога сам не можеш да се додржиш.
“Д-р Хаџи-Васков”