“ТЕШКОТО” НА ЧЕНТО НА ШАТОРОВ КАМЕН

“Се тресе” Шаторов камен од тупотот на Методија Андонов Ченто и другарите. Кај локацијата за традиција и оро, со свирката на Кемче на планината Селечка се организирале излети. Тој бил организатор на демонстрациите во борба за националните права, а во 1940 година бил и затворен по говорот на Шаторов камен. Фотографот ги “фатил” на тешкото оро со “дружината” со паларии и гологлави, под будното око на љубопитните деца и други “сеирџии”. 

Ченто е роден 1902 во Прилеп. Години бил табу тема за македонската историја. Но, “вриела” идејата за обединување на македонскиот народ и на виделина излезе вистината. Победи правдата, иако бил девет години зад решетки. Животот на судениот па рехабилитиран прв македонски претседател згасна во 1957 година.

Loading