ПОДЕМ НА ЅВЕЗДАКОСКИ

Шах

Последниве години надоаѓа нов бран млади прилепски шахисти, меѓу нив 16-годишниот Матеј Ѕвездакоски. Одлично настапи на турнирот Славјански во Битола, каде со 6 поени е на 12. место меѓу 101 учесник од Македонија, Косово и Бугарија. Забележа четири победи, четири реми, само еден пораз. И поискусните прилеппски шахисти беа на ниво – ВМ Звонко Станојоски шести со 7 поени, ФМ Роберт Велески на 13. место со 6.

Победник е ФМ Филип Панчевски со 8 поени.

Loading