ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА НА ИНСТАЛИРАЊЕТО НА ФОТО ПАНЕЛИ ЗА СТРУЈА

– Веќе се работи на овозможување на либерализиран пристап, да може секое домаќинство да инсталира фотоволтаични системи. Се изготвува Закон за олеснување на постапката за инсталирање на фотоволтаични системи на домаќинствата и на индустриските објекти, односно на покривите. Во план е да се зголеми и моќноста која во моментот е 4 киловати, да стане 6 киловати за домаќинствата, а за компаниите, деловните субјекти од постојните 20 киловати без лиценца на 40 киловати со лиценца. Над тоа со вадење на лиценца да можат практично неограничено колку што им дава просторот и условите за поврзување на дистрибутивната електроенергетска мрежа. Се менува и правилникот за поврзување. Тој е во подготовка и треба да се овозможи дистрибутерите на електрична енергија да ја преземаат струјата од домаќинствата, по цена која дистрибутерот ја презема од државниот снабдувач, односно производител на електрична енергија. Третото е на најлесен начин да може да се разменува. Се подготвува подзаконски акт, каде ќе биде овозможено воведување на даночен застапник, како во западноевропските држави, да овозможи откупувачот на електричната енергија да издаде фактура за домаќинството, бидејќи тие не се даночни обврзници. Врз основа на тоа да се овозможи лесна размена на електрична енергија и соодветно третирање на данокот на додадена вредност – рече Ковачевски.

Loading