ТУРНИРИТЕ СЕ ПОМАСОВНИ

Шах

Како што е планирано од ШК Прилеп, секој месец одржува по еден брзопотезен турнир Гран-при. Ако на првиот беа 12 шахисти, на вториот и на третиот омасовија учесниците на 16 и 18. На првиот победи Мартин Николовски, пред Кире Николоски и ИМ Тони Кироски. На вториот најуспешен беше Дејан Ѓорѓиески, пред ИМ Тони Кироски и Кире Николоски. На третиот турнир, во неделата, победник е Кире Николоски со 15 поени, пред ИМ Тони Кироски со 14 и Дејан Ѓорѓиески со 13,5.

Следниот турнир е во април.

Loading