СЕНО, АВТОБУСИ И КАТНА ГАРАЖА

Автобуси на Сенарникот. На овој простор кај катната гаража и поранешната автобуска станица одамна се токмело да се лоцира пристигнување и заминување на автобусите во Прилеп и од Прилеп. Местото го викале Сенарникот, оти се пазарело сено. Селаните носеле храна за в зима за градските коњи и магариња. Имало и голем кантар за мерење на сеното и сламата, ако не се продавало кутурица.

Со времето на канализирањето на Дабничка Река, градските власти го претвориле местото во пристаниште за автобуси. Магарињата и коњите со сено и слама, заминале на сточниот пазар за сметка на патниците и автобусите, иако немало некои урбани поздрави објекти. Билети се продавале првин во дуќаните покрај Музејот 11 Октомври, а поголемиот простор бил и паркинг.

Фотографијата сведочи дека градот расте, урбано, се оформува, се модернизира и се дотерува забрзано. Добива физиономија на европско пристојно место за живеење.   

Loading