Ракомет
Екипата на Прилеп со 30:25 го совлада скопски Голден арт, во меч од Г-групата за Купот на Македонија. В среда на ред е дуелот со битолски Еурофарм Пелистер 2. Победникот оди меѓу четирите најдобри, каде се Вардар, Бутел и Еурофарм Пелистер. Што се однесува до првенството од плеј-аутот на Супер лигата, натпреварот со Скопје е закажан за 27 март.
Во плеј-офот од Супер лигата за жени, Деспина со 29:22 загуби од Ѓорче Петров во Скопје, а следното соседско дерби дома со Пелистер е на 27 март.